Нови 30 дена притвор за Раста

Нови 30 дена притвор за Раста

пред 8 месеци

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот на раперот Стефан Ѓуриќ – Раста за уште 30 дена. Тој беше уапсен на почетокот на октомври со дрога во центарот на Белград, по што полицијата го претресе и неговиот стан, каде што пронајдоа поголема количина наркотици. По ова Раста беше обвинет за поседување и продажба на дрогата.

Судот  му го продолжил на раперот притворот заради „постоење околности и основано сомневање кои укажуваат дека за кусо време би можел да го повтори кривичното дело“, пишуваат српските медиуми.

Раста на оваа одлука имаат право на жалба во рок од три дена. Против него се води истрага поради сомнеж дека извршил кривично дело недозволено производството и ставање во промет на опојни дроги, за што може да добие казна од 3 до 12 години затвор.

Share

AnimeHeaven dr stone anime heaven: Spirit Chronicles Episode Preview

AnimeTV best anime tv shows: The Daily Life of the Immortal King (https://animetv.cc/m/WLG2) Episode 15

Scroll to Top