Новогодишниот концерт во Виена првпат ќе се одржи без публика

Новогодишниот концерт во Виена првпат ќе се одржи без публика

пред 11 месец

Традиционално, на 1 јануари ќе се одржи новогодишниот концерт на Виенската филхармонија, но првпат без публика поради пандемијата со коронавирусот.

Австриската влада донесе одлука дека до 7 јануари нема да има концерти со публиката во земјата, а тоа ќе важи и за најголемиот музички настан на 1 јануари. Директорот на Виенската филхармонија, Даниел Фрошауер, најави дека новогодишниот концерт ќе се одржи во празна сала.

„Ќе мора да се прилагодиме на ситуацијата дека нема публика да аплаудира, што е ново искуство за оркестарот. Ќе мора да смислиме нешто драматуршки“, објасни тој за австриските медиуми.

Виенската филхармонија нема да биде целосно без аплауз, бидејќи австрискиот јавен сервис (ORF), кој го пренесува концертот во живо, создаде интерактивен аплауз. Во соработка со компанија во Грац, воспоставена е платформа благодарение на која секој регистриран гледач може да аплаудира на крајот од двата дела на концертот, а тој аплауз ќе се слушне во Златната сала на „Музикферајна“.

Фрошауер вели дека откажувањето на концертот никогаш не било доведено во прашање.

„Би било невозможно без тој концерт, и на меѓународен план“, вели тој, потсетувајќи дека новогодишниот концерт го следат повеќе од 30 милиони гледачи на телевизија ширум светот.

Концертот ќе го диригира Рикардо Мути, а програмата е насочена кон династијата Строс. Со цел концертот да не го загрози здравјето на музичарите, Виенската филхармонија ќе ги примени сите валидни мерки. Така, музичарите ќе бидат поделени во две групи, едната оркестар на Виенската опера и другата за новогодишниот концерт, кој редовно ќе се тестира.

Share

https://gogoanime.be gogoanime haikyuu

God Mars (https://animefreak.ws/m/me8m) Episode 64

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

ANIMEFLIX: Legend of Black Heaven (Dub) anime episode 13 online free at https://animeflix.nl animeflix my hero academia heroes rising

Divephotoguide: http://www.divephotoguide.com/user/gogoanimebe

Buddypress: https://buddypress.org/members/kissanimemx/profile/

Scroll to Top