Голем број обожаватели се тажни што раперот Кание Вест повеќе не е милијардер, па почнаа да собираат донации. Вест ги изгуби најголем дел од неговите спонозори и се најде во голема финансиска криза поради неговите антисемистски испади на социјалните мрежи.
Неговите верни фанови покренаа GoFundMe сметка на која почнаа да собираат донации за да Вест повторно го направат милијардер. Засега не се многу успешни. На две од трите направени страници досега собраа само 30 долари, а на третата нема ниту долар.
За потсетување „Форбс“ обајви дека Вест повеќе не е милијардер и дека неговото богатство сега паднало на само 400 милиони долари.