Од школски кловн до фраер кој заведе две илјади жени: Лудата животна приказна на Џек Николсон

Од школски кловн до фраер кој заведе две илјади жени: Лудата животна приказна на Џек Николсон

пред 2 години

Во својата богата кариера, тој беше дел од големи скандали, љубовни триаголници, но и во разни шпекулации поврзани со консумирање на разни лекови, пишува Glossy.

Џон Џозеф Николсон, попознат како Џек Николсон, е американски актер и режисер кој зад себе има кариера од над 60 години. Роден е на 22 април 1937 година. Николсон е познат по различните улоги што ги играл, од споредни, до сатирични комедии, романтични улоги, но и темни антихерои, како и застрашувачки ликови.

Луда семејна приказна

Роден е во Њу Џерси во 1937 година, а неговата мајка, Џун Николсон, имала само 18 години кога го родила. Бидејќи не била во брак, нејзините родители се согласиле да го одгледуваат Џек како нивно дете. Покрај тоа, глумецот дури на 37-годишна возраст, откако еден новинар ја разоткрил неговата биографија, дознал дека жената за која сметал дека му е сестра е всушност неговата мајка и дека баба му му се претставила како мајка.

Тоа било голем шок за актерот, но тој секогаш тврдел дека растењето во семејство полно со жени „го научило на манири и што сакаат жените“.

Го сметале за одделенски кловн во училиште, а неговата немирна природа му направила многу проблеми. Но, набрзина му станало јасно дека понатамошното образование не е тоа што го интересира и на само 17 години се преселил во Холивуд, каде работел во MGM како аниматор и се приклучил на една актерска група.

Џек е номиниран за Оскар 12 пати. Се смета дека тоа е повеќе отколку што постигнал било кој друг актер. Тој освои два Оскари за најдобар актер, еден за филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ и другиот за романтичната комедија „Добро, да не може да биде подобро“. Освои и Оскар за неговата споредна улога во „Време на нежност“. Тој е еден од трите актери што имаат по три Оскари. Другите двајца се Даниел Деј-Луис и Шон Пен.

Повеќето го сметаат за најдобар актер на својата генерација, а некои детали за неговиот приватен живот сепак успеваат да ја изненадат јавноста. Жените никогаш не можеле да му одолеат на Николсон и се знае дека е одличен заводник и дека секогаш имал вистински убавици покрај себе.

Дури и поранешните девојки што ги изневерувал немале грди зборови за него. Покрај актерството, тој секогаш имал време и за жени. Меѓу 2.000 жени што ги „завел“ во кревет, само една била неговата легална сопруга, актерката Сандра Најт, со која бил во брак шест години и од тој брак тој денес има 60-годишна ќерка Џенифер.

Поради брачната криза, парот побарал помош од психијатар, кој на нив се обидел неконвенционален третман со психоделични лекови. На Николсон му се допаднало искуството толку многу што продолжил да зема дрога, но Сандра не била многу воодушевена, па тие се развеле во 1968 година, непосредно пред тој да стане славен.

И Мерил Стрип се нашла меѓу заведените жени

Биографијата „Николсон“, чиј автор е Маркл Елиот, откри детали за секс – скандалот на познатите актери Николсон и Мерил Стрип. За време на снимањето на „Ironweed“ во 1987 година, авторот на книгата тврди дека парот имал секс во приколка.

Тие се запознале една година порано на сетот на филмот „Heartburn“ (каде глумеле брачен пар), а во тоа време Џек бил во врска со долгогодишната љубов, актерката Анџелика Хјустон, за кого наводно ја измамил со друга актерка, Вероника Картврајт.

Елиот во книгата пишува дека Џек и Мерил станале многу „блиски“, но и двајцата го негирале тоа, а кога започнале да го снимаат „Ironweed“, сите зборувале за нивната афера.

Кога добитничката на Оскар, Мерил, ја земала наградата за животно дело, во 2004 година, Џек ја нарекол совршена:

„За мене вие сте совршени, многу ве сакам. Бог да ве благослови вас и Америка“, рече Николсон.

Фановите го обожаваа Николсон со децении. Последната улога ја играше во романтичната комедија „Како знаеш“, а потоа наводно се пензионирал поради проблеми со меморијата. Николсон никогаш не го потврдил или негирал тоа, а единствено што се знае е дека тој сè уште ужива во секој момент од својот живот и се држи до својата реченица: „Повеќе добри моменти“.

Тој сè уште живее во куќата од 330 метри квадратни на Малхоланд драјв, за која платил 80.000 американски долари во 1969 година, каде неговите соседи биле Ворен Бити и Марлон Брандо, така што улицата била наречена „Bad Boy Drive “. Подоцна купил уште две соседни куќи за да обезбеди приватност, како и доволно простор за неговата богата колекција на слики. Иако бил познат по конзумирање неограничени количини на лекови и алкохол, Николсон конечно ја прекина навиката.

Поранешен обожавател на забави, за кој еднаш Робин Вилијамс рекол дека е веројатно е единствениот човек на светот на кого гитаристот на „Ролинг Стоунс“ Кит Ричардс му рекол на забава: „Слушај, Џек, јас морам да одам дома сега“, денес ретко излегува во клубови и ресторани. Тој претпочита да остане во неговиот дом каде, како што вели, храната како да е подобра, па затоа на телевизија гледа „Criminal Minds“ и „Lost“ и чита книги за филозофија, Херман Хесе и крими-романи вооружен со очила за старост.

“Животот ми се смени. Јас веќе не уживам во работите што ги уживав. Не лудувам, не трчам по жени; сега тоа е само игра за која не вреди да се трудиш. Последните три пати кога сум бил во Њујорк, не сум го напуштил хотелот “, призна тој во една прилика. Голема промена за еден човек кој рече: „Ги видов сите жени, ги земав сите лекови и го пиев секој пијалок!“

Share
Scroll to Top