Оригинален грчки рецепт за цацики сос

Оригинален грчки рецепт за цацики сос

пред 2 години

Состојките за цацики сосот се речиси идентични со оние за таратур, но тајната е во начинот на подготовка.

dobivaj vesti na viber

Потребни состојки:
1 поголема краставица (изрендана или ситно исечкана);
½ голема лажица сол (за краставицата);
500ml грчки јогурт;
3-4 чешниња лук (изрендани);
1,5 голема лажица сок од лимон;
50g ситно исечкан свеж копар;
3 големи лажици маслиново масло;
¼ голема лажица сол (за смесата);
црн бибер (по вкус).
Начин на подготовка:
Излупената и изрендана (или ситно исечкана краставица) се посолува со половина лажица сол и се процедува со помош на газа или со цедалка;
Во подлабок сад се мешаат грчкиот јогурт, сокот од лимон, изренданиот лук, исечканиот копар, маслиновото масло, солта и биберот и се додава процедената краставица;
Сите состојки се мешаат, садот се прекрива и се остава во ладилник да стои околу 1 час.

Share
Scroll to Top