Оскаровката Ема Стоун го чека првото дете, пренесуваат американските медиуми. Извор близок до неа открил дека таа е бремена и дека ужива во брачниот живот со сопругот Дејв Меккери.
Весникот „Дејли мејл“ објави фотографии од Стоун за време на една од нејзините прошетки низ Лос Анџелес. На фотографиите се гледа нејзиното трудничко стомаче.
Триесет и двегодишната Стоун и сценаристот на ТВ-шоуто „Сабота вечер во живо“ се заедно од 2017, а се венчаа изминатиот септември на приватна церемонија за која не беа објавени никакви детали.