Голем број од фановите му напишаа дека ќе им недостига, но и дека го разбираат. Други пак коментираат дека ова не му требало. Се јави и Маск.
„Ја сакам вашата музика. Се надевам дека ќе се вратите. Има ли некои особени дезинформации кои ве загрижуваат?“, го праша Маск.
Елтон е само еден од списокот на познати кои од неодамна го напуштија „Твитер“. Пред него своите профили ги избришаа манекенката Џиџи Хадид, спасувачката Шонда Римес, бившиот гитарист од составот White Stripes, Џек Вајт, глумицата Вуби Голдберг, музичарот Моби и многу други.
Глумецот и комичар Џим Кери се прости од „Твиер“ со кратка необична аинмација.

„Си заминувам од „Твитер“, но еве анимација која ја направив со мојот пријател Џими Хаувард. Се темели на мојата слика за луд, стар чувар на светилник кој стои гол среде бура и ги повикува анѓелите и со својата лампа го осветлува патот за да не води низ ноќта. Сите ве сакам“, порача Кери.






