Падна Вибер, корисниците не можат да се јавуваат и испраќаат пораки

Падна Вибер, корисниците не можат да се јавуваат и испраќаат пораки

пред 2 години





Падна апликацијата за испраќање пораки и слики на Вибер. Причината за моменталниот прекин не е позната, а на популарната страница за следење на состојбата на онлајн услугите, Down Detector, се вели дека извештаите за прекинот почнале да доаѓаат од синоќа околу 21 часот.

Апликацијата во голема мера е исклучена и многумина не можат да испраќаат пораки или да повикуваат. Повремено се провлекуваат некои пораки, но испраќањето и јавувањето е дефинитивно тешко кај голем број на корисници од целиот свет.





Share
Scroll to Top