Од Бакингамската палата покренале истрага поради обвинувањата за однесувањето на Меган Маркл кон нејзините вработени, пренесува „Мирор“. Според портпаролот на палатата, членови од персоналот кои се вклучени во овој случај, ќе бидат повикани да учествуваат во истрагата.
Кралското семејство не толерира малтретирање или вознемирување на работното место, вели тој.
„Очигледно е дека сме загрижени поради наводите кои ги изнесе Times, по тврдењата на поранешниот персонал на војвотката“, изјавил портпаролот на Бакингамската палата, пренесуваат британските медиуми.

Times пишува дека покрај малтретирањето на двајцата постари членови од персоналот, Меган лично понижила уште еден од нејзините вработени. Times пишува дека Џејсон Кнауф, во 2018 година, кога работел како секретар за комуницкации поднел жалба.
Хари лично интервенирал и го молел да не го прави тоа.






