Палачинки со тиква и банана без брашно и млеко

Палачинки со тиква и банана без брашно и млеко

пред 2 години

Состојки: 1 зрела банана, 200 гр варена тиква, 3 јајца, 100 гр мелени ореви, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 прстофат сол, 4 лажици кокосово масло.

dobivaj vesti na viber

 Подготовка: Тиквата се пасира со вилушка или се пасира во блендер во пире од тиква. Излупете ја бананата и исто така изгмечете ја со вилушка. Измешајте го пирето од тиква, потоа изматените јајца, оревите, екстрактот од ванила, солта и 2 лажици кокосово масло. Сè убаво измешајте за да добиете еднолична смеса. Во тава загрејте го преостанатото кокосово масло. Следно, наредете ги палачинките од тиква за секоја ви требаат околу 2 лажици од смесата. Пржете ги палачинките околу 3 минути од секоја страна додека не добијат убава златно-кафеава боја. Подготвените палачинки послужете ги со јаворов сируп, овошје, намаз, ореви или други додатоци по вкус.

Share
Scroll to Top