Пантолони со ретро принт во фокусот на трендовите за 2021

Пантолони со ретро принт во фокусот на трендовите за 2021

пред 1 година

Доколку сте љубител на пантолоните како дел од модните комбинации, тогаш сигурно ќе ви се допадне новиот тренд – ретро дезен на пантолони, кои всушност ќе можеме да ги носиме во текот на целата година, во текот на сите сезони.

А еве и кој принт на пантолони во прашање, како и на каков начин може да ги комбинирате. Детали во продолжение!

Инстаграмот е преполн со модни комбинации во кои главна ѕвезда се пантолони на квадрати, поточно пантолони со принт кои илустрираат шаховски полиња. Овој тренд нѐ потсеќа на почетокот на 2000-тите, иако во модната историја најпрвин се појави уште во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.  Сега дефинитивно доживеа ренесанса, а она штп е особено интересно е тоа што акцентот е особено насочен кон јарките бои, кои мораме да признаеме дека е предизвикувачки да ги комбинираме во текот на овие поладни месеци, но може да биде и тоа како ефектно. Бебешко сината и неонско зелената се некои од боите кои се во фокус.

Бебешко сината може да ја комбинирате со светли пастелни нијанси, на пример со бојата на лаванда или со зеленкасти тонови. Ваков аутфит е идален во текот на пролентите месеци, но ако во игра уфрлите и некој топол „оверсајз“ капут, можете да го носите и во текот на зимата.

Доколку се прашувате како можете да ги искомбинирате, еве малку инспирација.

Циклама и розе тонови како нијанси на принт на пантолоните и џемпер кој ќе можете да го носите внатре во пантолоните.

Широки ногавици, зелена боја на пантолони, и комбинирање на ваквиот принт со карирано исто така може да изгледа ефективно.

Уште една комбинација со шаковски принт во црвени тонови и џемпер – овој пат во топла жолта боја.

И за крај, во ретро дух – пантолони со беж принт, скроени така што ја следат линијата на телото и исечен топ – идеална пролетна и летна комбинација.

Share

go88 bản chuẩn

sunwin international logistics co. ltd tải tool tài xỉu sunwin ios sunwin nhận code

Scroll to Top