Повторно ќе се снима „Фрејзер“, една од најпопуларните серии во деведесеттите

Повторно ќе се снима „Фрејзер“, една од најпопуларните серии во деведесеттите

пред 4 години

Актерот Келси Грамер повторно ќе го толкува ликот на радиоводителот Фрејзер Крејн во истоимената серија. Новите епизоди ќе бидат продолжение на една од најпопуларните серии снимени во 90-тите, а повторно ќе се зборува за животот на главниот лик.

Серијата „Фрејзер“ има 11 сезони и се емитуваше од 1993 до 2004 година. Доби 37 награди „Еми“ , а пет од нив беа за најдобра комедија.

Продукцијата ќе биде на Си-би-ес, но засега не се знае кога ќе почне да се снима и да се прикажува серијата.

Share
Scroll to Top