Смртта на актерот Славиша Кајевски ги најде затечени многу од неговите најблиски, пријателите и колегите. Откако утрово од Македонскиот народен театар објавија дека глумецот трагично го загубил животот, на социјалните мрежи не престануваат да се простуваат од него. Неговите блиски, пред се колегите, со тага и неверување, ти испраќаат пораки за својот починат другар и колега. Со пораки и фотографии се простија и неговите другари од калсот од гиманзијата „Раде Јовчевски -Корчагин“.
Кајевски почина на 39 години. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од 2010 година беше вработен во МНТ, каде што играше повеќе од 20 улоги. Во неговата кариера сними неколку филмови и видео-спотови. Филмот „Хомо“, во кој ја имаше една од последните улоги, во моментов се прикажува на светските фестивали.