Полиција растурила корона-журка, шефот го нашле скриен под масата

Полиција растурила корона-журка, шефот го нашле скриен под масата

пред 4 години

Полиција во градот Сарбрикен во Германија прекинала забава што ја организирал директорот на една компанија со своите вработени. Тие упаднале во зградата на компанијата и го нашле шефот како се крие под масата.

На сите присутни им укажале дека го прекршиле законот со непочитувањето на мерките против коронавирусот. Некои од нив ги нашле скриени во просториите во кои хигиеничарките ја чувале својата опрема.

Во меѓувреме била поднесена и пријава против еден од гостите затоа што физички се обидел да се пресмета со колега.

Share
Scroll to Top