Поминал 100 километри, пред да сфати дека си ја заборавил сопругата на бензиска

Поминал 100 километри, пред да сфати дека си ја заборавил сопругата на бензиска

пред 3 години

Самуел од Аргентина, поминал 100 километри на автопат, пред да сфати дека си ја заборавил неговата сопруга Клаудија на бензиска.

Двајцата биле на патување во Бразил, а на враќање застанале на една бензиска за да наполнат гориво. Клаудија за тоа време спиела на задното седиште. Откако Самуел го наполнил резервоарот, тој продолжил да вози, несвесен дека Клаудија во меѓувреме излегла.

Тој мислел дека таа продолжила да спие на задното седиште. Не знаел дека таа додека тој полнел гориво, Клаудија излегла и отишла во продавница да купи нешто за јадење.

Ситуацијата станала уште почудна, затоа што со нив бил и нивниот 14 годишен син, кој исто како татко му, не забележал ништо. Тој цело време бил на мобилниот телефон.

Откако поминале два часа, Клаудија се обидела да ги контактира со телефон, но, немала сигнал. На крајот таа отишла во полициска станица, каде чекала сопругот и синот се сетат на неа. Откако поминале 100 километри, тие се вратиле по неа.

Клаудија била бесна и почнала да го удира автомобилот, раскажале полицајците.

 

Share
Scroll to Top