Фондацијата All Without Our Hands на Металика донираше повеќе од 250.000 долари за помош на жртвите од земјотресот кој на 6 февруари ја зафати јужна Турција и северна Сирија во кој загинаа повеќе од 41.000 луѓе, а десетици илјади останаа без покрив над главата.
„Нема зборови со кои може да се опише уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот регион во урнатини. Бројот на загинати продолжува да расте, трагично надминувајќи ги 36.000 изгубени животи“, напиша бендот во твитот во кој ги најавуваат своите донации за Direct Relief и World Central Kitchen за да помогнат во испораката на медицинска помош и оброци.
„Двете партнерски организации на нашата фондација, Direct Relief и World Central Kitchen, работат на терен и обезбедуваат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. Нашата фондација дава 125.000 долари на секоја организација за да ги поддржи нивните напори“, додаваат тие.
Големиот земјотрес и серијата последователни потреси оставија десетици илјади мртви, повредени над 114.000 и раселени два милиони луѓе, пишува Билборд.
We’re at a loss for words to describe the devastation in southern Turkey and northern Syria. The 7.8 magnitude earthquake has reduced the entire region to rubble. The death toll continues to rise, tragically exceeding 36,000 lives lost… (1/3) pic.twitter.com/baxRXFiNUf
— Metallica (@Metallica) February 14, 2023