Популарниот турски актер Џан Јаман со такси-глисер бегал од полиција

Популарниот турски актер Џан Јаман со такси-глисер бегал од полиција

пред 2 години

Популарниот турски актер Џан Јаман, кој македонската публика го запозна по хит-серијата „Романтичарот“,  бил на забава во Истанбул за Денот на вештерките каде што не се почитувале мерките за заштита од болеста. Музиката била прегласна и присутните не носеле маски, па по пријава од соседите, полицијата упаднала на местото на забавата, пишува ТВ 100.

Сепак, присутните, меѓу кои и популарниот актер, кој бил пијан, дознале дека полицијата е на пат, па побегнале преку вода со такси-глисер.

Веста дека актерот не ги почитувал мерките за заштитата од болеста веднаш се рашири во турските медиуми, но актерот сè уште не кажа ништо за настанот ниту некој ја има потврдено оваа информација како точна.

Инаку, атрактивниот актер, иако е роден и израснат во Турција, по баба е Македонец, но голем дел од животот го поминал и во САД, каде што се школувал.

Share

nohu go88 cách nạp tiền go88 bằng internet banking không rút được tiền từ go88

chơi sunwin

Scroll to Top