„Поради контактите изминатиов период, и јас сум позитивен на корона“, откри Наумче Мојсоски

„Поради контактите изминатиов период, и јас сум позитивен на корона“, откри Наумче Мојсоски

пред 4 години

Поранешниот ракометен репрезентативец, a сега директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, е позитивен на корона. Дека се заразил со Ковид-19, Наумче објави на својот фејсбук-профил. Тој вели дека во моментот се чувствува добро и нема симптоми.

„Поради контактите што ги имав изминатиов период, а поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид-19. Во моментот немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките од мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките.
Пред нас се денови што досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел е да направите сè да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно!“, напиша тој во својата објава.

 

Share
Scroll to Top