Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ го прослави својот 37 роденден, а на својот Инстаграм профил сподели фотографија од интимната прослава. Таа позираше со својот сопруг Бастијан Швајнштајгер во ресторан држејќи славеничка торта.
„Ви благодарам за сите убави пораки и роденденски желби“, напиша тенисерката во описот на објавата, а во коментарите доби бројни честитки, меѓу кои и една од Новак Ѓоковиќ.
„Среќен роденден Анчи“, напиша познатиот тенисер. На објавата искоментира и српскиот актер Никола Ѓуричко: „Да бидеш жива и здрава“.