Француско радио објави некролози од кралицата Елизабета, фудбалерот Пеле, Џими Картер

Француско радио објави некролози од кралицата Елизабета, фудбалерот Пеле, Џими Картер

пред 3 години

Француското радио RFI се извини поради направената грешка и објавените некролози на бројни познати личности, вклучувајќи ги и фудбалерот Пеле, кралицата Елизабета, глумицата Бриџит Бардо и многу други, оправдувајќи се дека станува збор за техничка неисправност.

„Поради технички дефект, на нашата веб страна беа објавени низа на текстови, посветени на починати личности. Се работи за отстранување на овој голем дефект. Се извинуваме на сите, кои се чувствуваат погодени и на вас кои не следите и ни давате доверба“, изјавиле од радиото.

Оваа голема грешка, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, од забуна и неразбирање, па сè до исмевање.

Меѓу познатите личности на кои им беа посветени некролози, беа и врховниот водач Али Хамнеи, поранешниот американски претседател Џими Картер, кубанскиот лидер Раул Кастро, фудбалската ѕвезда Пеле, но и глумците и глумиците како Клинт Иствуд, Софија Лорен, Бриџит Бардо и други.

Тука е и поранешниот француски министер и поранешен претседател на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј, Бернард Тапи, кој веќе неколку пати беше прогласуван за мртов.

Share
Scroll to Top