Портрет на Дражен Петровиќ насликан од Македонец изложен во музејот во Загреб

Портрет на Дражен Петровиќ насликан од Македонец изложен во музејот во Загреб

пред 4 години

Македонскиот сликар и скулптор Митко Тошев направи портрет на хрватскиот кошаркар Дражен Петровиќ, а делото е изложено во музејот во Загреб. Тошев неговото дело го врачил на внукот на Дражен Петровиќ, Марко Петровиќ.

dobivaj vesti na viber

Фотографијата на која Петровиќ е во дрес на Њу Џерси Нетс е направена во 1993 година од прославата на натпреварот против Лос Анџелес Клиперс во „Меморијал Спортс Арена“ во Лос Анџелес, Калифорнија.

Митко Тошев е инаку професор по ликовна уметност во струмичката гимназија „Јане Сандански“. Македонскиот сликар досега има направено портрети и од макеоднскиот најдобар ракометар Кире Лазаров, браќата одбојкари Георгиеви како и од тенисерот Рафаел Надал. Автор е на бронзена статуа со ликот на македонски пејач To[e Proeski, која им ја подари на родителите на Тоше.

Дражен Петровиќ е еден од најдобрите кошаркари во историјата кој во 1993 година загина во сообраќајна несреќа како совозач на автопатот 9 кај Денкендорф, Германија, четири и пол месеци пред неговиот 29. роденден. Неговиот возач Клара Шаланци, германска манекенка која била во врска со Петровиќ, и патникот на задното седиште, турска кошаркарка, биле тешко повредени

Во негова чест во Загреб е отворен музеј каде се сместени негови лични работи, и овој музеј е отворен за посета.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top