Португалија ја победи Македонија и ја остави без мундијалот во Катар

Португалија ја победи Македонија и ја остави без мундијалот во Катар

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби 2:0 од Португалија во финалниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Кристијано Роналдо во 14. минута. Доби топка во шеснаесетникот и шутираше со левата нога, но крај голот на Димитриевски. Веднаш потоа шанса имаше Алиоски, а Македонија доби два корнери едно по друго и слободен удар за Барди, но без директен удар на голот.

Бруно Фернандеш ги даде двата гола за Португалците во 32. и во 65.минута. Со ова Македонија ја испушти историската шанса првпат да заигра на едно Светско првенство.

Кристијано Роналдо не даде гол на овој натпревар, исто како ни на натпреварот кој Португалија го играше со Македонија во 2012 година. Со тоа македонската репрезентација е една од ретките против кои Роналдо не постигнал гол во кариерата.

Share
Scroll to Top