Починат кандидат победи на изборите во Босна

Починат кандидат победи на изборите во Босна

пред 7 месеци

Починат кандидат победи на изборите во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за доктор Мирсад Пецо, кандидатот од СДА, за градоначалник на Травник.

Тој починал во неделата утрото, од последица на коронавирус. Во неделата тој освоил 8220 гласови на изборите. Имал убедлива предност пред второпласираниот Горан Пејаковиќ, кој освоил 5412 гласови.

Пецо бил хоспитализиран и со денови имал нарушено здравје, предизвикано од пандемијата со ковид 19. Неговата состојба, значително се влошила во последните неколку денови.

Но, и покрај напорите на лекарите да го спасат, тој на крајот починал. Премиерот на среднобосанскиот кантон, Тахир Лендо, за медиумите потврди дека почина кандидатот на СДА за градоначалник на Травник, Мирсад Пецо.

Д-р Пецко почина на денот на изборите од ефектите на коронавирус во болницата во Травник.

Share

AnimeDao animedao online: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://animedao.nl/m/Y1QJ) Episode 1

AnimeFreak animefreak latest: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 10

Scroll to Top