Американската глумица Ајлин Рајан почина на 95 години. Мајката на оскаровецот Шон Пен почина во својот дом во Малибу, на 95 години неколку дена пред нејзините роденден.

Легендарната глумица беше позната по улогите во „Магнолија“ и „Јас сум Сем“. Беше мајка на три деца, меѓу кои и глумецот Шон Пен со кого и глумеше заедно. Покрај Шон Пен, ги имаше и музичарот Мајкл Пен и Крис Пен кој почина во 2006 година. Ајлин имаше долга кариера и глумеше во 60 филмови.

Беше во брак со глумецот Леом Пен, со кого се омажи по два месеци врска. Заедно беа 41 година, до неговата смрт во 1998 година.







