Почина италијанската глумица Дарија Николоди

Почина италијанската глумица Дарија Николоди

пред 2 години

 

Познатата италијанска глумица и сценаристка Дарија Николоди, почина на 70 години. Трагичната вест ја потврдија нејзината ќерка, глумицата Асија Арџенто на „Инстаграм“.

Николди е познато по заедничкото сценарио со нејзиниот сопруг, режисерот Дарио Арџенто, за филмот „Суспирија“, од 1977 година.

Двојката се раздели во 1985 година, а во меѓувреме, Дарија глумеше во неколку негови филмови како што се „Длабка црвена“, „Инферно“, „Феномен“, „Опера“ и други.

Покрај Асија, Дарија има уште една ќерка Ана, која ја добила од бракот со скулпторот Марио Сероли. Дарија актерската кариера ја заврши во 2009 година.

 

Share
Scroll to Top