Почина последниот припадник на староседелско бразилско племе во амазонската област Танару

Почина последниот припадник на староседелско бразилско племе во амазонската област Танару

пред 2 години

Почина последниот припадник на бразилското староседелско племе во домородната област Танару кое немало контакт со другата цивилизација, соопшти бразилската Национална агенција за заштита на домородното население.

dobivaj vesti na viber

Службеници на агенцијата го пронашле телото на мажот во лежалка во кабина минатата недела. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе.

„Тој починал од природна смрт, а неговото тело ќе биде дадено на вештачење“, соопшти Агенцијата.

Мажот е познат како „Човекот од дупката“, тој последниве 26 години одбиваше контакт со други луѓе и живееше во целосна изолација во Танару, длабоко во бразилска Амазонија. Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да лови животни.

Се претпоставува дека остатокот од неговото племе можеби бил убиен во поголем број судири со сточари и дрвосечачи во 1980-тите и 90-тите години, врз основа на сличниот случај со друго изолирано племе во истата област.

Share
Scroll to Top