Почина рускиот уметник Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид

Почина рускиот уметник Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид

пред 2 години

Почина рускиот уметник Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал на Берлинскиот ѕид- „Бакнеж“. Врубел почина на 63 години како последица на зараза со коронавирусот. Веста ја објавија руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Врубел е роден во Москва, а од 2010 година живееше во Берлин, Германија. Неговото најпознато дело е графитот на остатоците од Берлинскиот ѕид, кој официјално е насловен „О Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, каде што советскиот лидер Леонид Брежњев и поранешниот источногермански лидер Ерих Хонекер се бакнуваат во уста. Муралот е инспириран од средбата на двајца политичари. Насликан е 1990 година, само неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид и пред обединувањето на Германија. „ Во раните 2000-ти луѓето почнаа да носат сувенири од Берлин – магнети, филџани и слично – со „бакнежот“ на нив, кои се продаваа не само во Источната галерија, туку и насекаде низ градот. Со години го живеев мојот приватен живот, додека сликата го живееше своето“, изјави Врубел во една пригода.

Оригиналната слика била уништена во 2009 година кога градските власти во Берлин ги реновираа остатоците од ѕидот. Врубел потоа нацртал и нова верзија на „Бакнеж“.

Сопругата на Врубел, Викторија Тимофеева, минатиот месец преку социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг е згрижен поради компликации по зараза со Ковид-19 и дека неговата здравствена состојба брзо се влошува, потсетува „Раша тудеј“.

 

Share
Scroll to Top