Почина сопственикот на легендарната слаткарница „Апче“

Почина сопственикот на легендарната слаткарница „Апче“

пред 4 години

Утрово почина Елам Кадриа, сопственикот на легендарната слаткарница „Апче“, една од најстарите и најпознати слаткарници во Скопје. Веста за неговата смрт ја соопштија вработените во слаткарницата. Тие велат дека познатиот угостител не починал од корона

„Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот татко, дедо и газда на слаткарницата Апче, со големо срце, денес за жал почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово“, велат тие.

Од Кадриа се простуваат и неговите пријатели, кои велат дека Скопје загуби уште една градска легенда.

„Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба за нашиот пријател. Загубивме голем човек во срцето. Неговите хумани дела секој еден ќе ги паметиме сите, учевме сите како треба да се биде хуман. Скопје остана без уште една градска легенда“, пишуваат на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top