Почина холивудскиот актер Јафет Кото

Почина холивудскиот актер Јафет Кото

пред 4 години

Холивудскиот актер Јафет Кото, почина на 82 годишна возраст, пренесоа светските медиуми. Веста за смртта ја објави неговата сопруга Теси Синахон, на социјалните мрежи, а причината засега останува непозната.

„Тажна сум и шокирана од смртта на мојот сопруг Јафет, со кого сум во брак 24 години. Тој почина
синоќа околу 22:30 по филипинско време. Глумеше негативци во некои филмови, но за мене и за многу луѓе беше вистински херој. Добар човек, добар татко, добар сопруг и пристоен човек кој ретко се наоѓа. Еден од најдобрите актери во Холивуд, легенда. Почивај во мир, љубов. Ќе ми недостасуваш секој ден“, напиша Теси.

Кото беше познат по улогата на негативецот во филмот за Џејмс Бонд „Live and Let Die“. Во 1973 година во Џејмс Бонд го толкуваше ликот на кипарскиот диктатор д-р Канага, а исто така глумеше и во „Alien“ и „Homicide“.

Кото беше номиниран за престижната награда „Еми“ за улогата на поранешниот претседател на Уганда, Идио Амин, во 1997 година во филмот „Operation Entebbe“.

 

Share
Scroll to Top