Почина ѕвездата на Бродвеј, Керол Кук

Почина ѕвездата на Бродвеј, Керол Кук

пред 2 години

Актерката Керол Кук почина на 99-годишна возраст од срцева слабост. Керол беше позната како една од најголемите ѕвезди на Бродвеј и најдобра пријател со холивудската легенда Лусил Бол. Со неа работеше на ситкомот „Шоуто на Луси“ од 1963 до 1968 година и „Еве ја Луси“ од 1969 до 1974 година.

Кук глумеше и во филмската адаптација на романот на Џон Хјуз „Шеснаесет свеќи“, се појави во сериите „Таа девојка“, „Мод и Коџак“, а имаше и улога во најгледаната американска сапуница „Династија“.

Во својата долга кариера доби бројни награди, вклучително и театарската награда за животно дело во 2002 година.

Кук беше активен член на добротворни организации за ХИВ/СИДА. Таа помина повеќе од 30 години работејќи со S.T.A.G.E., организација на музичкиот театар која им помагаше на лицата болни од ХИВ и секоја година настапуваше во добротворната организација „Помошта доаѓа“ во Сан Франциско, која им оддава чест на основачите на организацијата, а кои починаа од вирусот.

Во 2015 година, актерката za „Бродвеј ворлд“ изјави дека би сакала да биде запаметена како некој што макар и малку ги променил животите на луѓето на подобро.

„Сите сакаме да бидеме сакани и тоа би било убаво. Би сакала да помислат: Мило ми е што ја познавам“, рече таа во интервјуто.

Share
Scroll to Top