Почина 21-годишна американска раперка - Reporter.mk

Почина 21-годишна американска раперка – Reporter.mk

пред 6 месеци

Американската раперка Бракстон Бакер починала на 21 година, пренесуваат тамошните медиуми. Засега причините за нејзината смрт не се познати. Нејзината мајка Летриса Лофтин Расел сподели емотивна порана на „Инстаграм“.

„Нашиот ангел замина на небото. Немаше никакви повреди на неа, модринки и гребнатинки, ништо. Со неа сè беше во најдобар ред. Господ го зема нашиот ангел, кој ни го позајми“, напишала таа.

Мајка ѝ смета дека Бракстон била на Земјата за да ја отслика нејзината уметност, за да му помогне на човештвото да се излечи. Преку нејзината работа и музика таа им помагала на луѓето, смета Летриса.

Бракстон во својата кариера имала издадено два албума и има напишано три романа. Во последно време таа му се посветила на својот бенд и модата.

„Знаеше дека брилијантноста и уметноста која ја поседува ќе ја сподели со светот. Ова е само почеток. Ние сега ќе ја продолжиме нејзината работа и ќе ја споделуваме нејзината уметност со светот. Брекстон секогаш зборуваше дека таа само ја пренесува Божјата порака“, вели Летриса.

Share

AnimeFreak watch anime free: Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 25

4Anime gleipnir 4anime: Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 15

Scroll to Top