По долгата борба со ракот Шенон Доерти конечно сo насмевка на лицето

По долгата борба со ракот Шенон Доерти конечно сo насмевка на лицето

пред 2 години

Актерката Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“ од 2015 година актерката се бори со ракот на дојката. Напорите на лекарите да ја излечат без мастектомија или агресивни третмани биле неуспешни бидејќи ракот се проширил на лимфните јазли. Поради ова, актерката беше подложена на бројни третмани и терапии, вклучувајќи мастектомија, хемотерапија, зрачење и операција. Во 2018 година беше објавено дека е излечена. Ракот се повлече по агресивни третмани и нејзините наоди беа чисти.

Но во 2020 година актерката објави дека ракот повторно се вратил и дека е во 4 стадиум. Таа отворено проговори за тоа.

„ Повторно имам рак, стадиум 4. Метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Многу пати се прашував: „Зошто јас?“, а потоа си велам: „Зошто не јас?“. Тешко ми е“, рече  тогаш актерката.

Шенон во еден момент ја изгубила волјата за живот и почнала детално да го подготвува својот погреб. Имено, таа тогаш открила дека почнала да пишува проштални писма и да снима видеа кои ќе им ги остави на најблиските, како и дека нашла песна со која сака да ја испратат.

Станува збор за познатата песна „Tears in Heaven“, која важи за една од најголемите балади во историјата на рокенролот, а таа одлучила во што сака да биде закопана.

“ Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан што го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам да останам во сечие најубаво сеќавање. Последниве месеци се обидував да поправам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се трудам да го живеам животот максимално и да уживам во ова малку време што ми преостанува“, изјавила актерката.

И покрај се, Шанен продолжи да се бори со болеста. Лани се појави во емисијата „Добро утро Америка“, каде изненади многумина со својот оптимистички тав.

„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива“, рече тогаш таа.  И додаде:

„Многу луѓе на кои им е дијагностицирана четвртата фаза на болеста едноставно се отпишуваат. Тие претпоставуваат дека веќе не можат ништо, дека не можат да го дадат својот максимум, а тоа не е точно. Посакувам да можев да ги сменам тие мисли и да имам шанса да докажам дека не е во ред“.
И покрај тешкотиите и исцрпната борба, Шенон не се откажа и со својот пример испрати силна порака до другите луѓе кои ја водат најтешката битка во животот “Никогаш не треба да се откажувате, колку и да е тешко. Затоа што на крајот од тунелот секогаш има нешто светло“. Неодамна беше снимана од пепераците, а на фотографиите се гледа дека  Шенон ја вратила ведрината и сјајот во животот.

Share
Scroll to Top