По 100 години забрана, повторно ќе може да се плива во Сена во Париз

По 100 години забрана, повторно ќе може да се плива во Сена во Париз

пред 2 години

По 100 години забрана, жителите и туристите пак ќе можат да пливаат во Сена во Париз. Веста ја потврди и градоначалничката Ан Идалго и рече дека се избрани три локации кои ќе бидат отворени за јавност, од следната година. Две локации се блиску до Ајфеловата кула.

Пливачките области ќе бидат оградени, а ќе се постават и соблекувални и тушеви.

Капењето во Сена е долгогодишна желба на парижаните. Пливањето во градот официјално беше забрането во 1923 година поради лошиот квалитет на водата, иако некои продолжија да се капат се до шеесетите години од минатиот век.

Проектот  беше поттикнат од Олимписките игри 2024 во Париз,  а дел од пливачките натпреварувања ќе се одржуваат во Сена.

Share
Scroll to Top