Ед Ширан: Кога бев дете мислев дека сум геј

Ед Ширан: Кога бев дете мислев дека сум геј

пред 3 години

Светската ѕвезда Ед Ширан призна дека мислел дека е геј додека растел. Во интервју за холандската емисија „Маж, маж, маж“, тој објасни дека никогаш не се чувствувал премногу мажествено и дека не сакал стереотипно машки работи, како на пример автомобили.

„Имам женствена страна, до тој степен што кога бев дете мислев дека сум геј. Сакам мјузикли, поп-музика, ја сакам Бритни Спирс. Мојата мажествена страна се сведува на пиење пиво и гледање фудбал“, рекол Ширан.

Музичарот откри дека иако е фудбалски фан, повеќе сака да гледа женска лига: „Ги гледав девојките на терен и си мислев: ‘Не знам зошто гледам машки фудбал, ова е многу подобро’.“

Ширан пред две години се ожени со својата долгогодишна девојка Чери, за која вели дека е олицетворение на женственост.

„Кога почнавме врска, сфатив дека не е важно колку е изразена мојата женска страна, оти, иако Чери и најженствената жена што ја знам, таа игра хокеј. Љубовта кон спортот и автомобилите не нè дефинираат“, додал музичарот.

Share
Scroll to Top