По 25 години фронтменот на групата „Плави оркестар“ Саша Лошиќ рече дека открил грешка во неговиот хит „Боље бити пијан него стар“. Лошиќ објасни дека на почетокот пее „Жал ми е што бевме само добри пријатели“, а во рефренот „Виното не знае дека некогаш сме биле среќен пар“.
Иако песната е популрана и се пее речиси секаде повеќе од две децении, никој ја забележал грешката. Лошиќ призна дека ја пишувал додека бил пијан и дека кога почнал да пребарува низ старите текстови открил многу грешки во песните.
„Дваесет и пет години пејам и никогаш забележав грешка во текстот. Тогаш почнав да пребарувам низ старите албуми и забележав дека половина од песните немаат логика. Но на луѓето не им беше важно“, рече Лошиќ.