Првиот виртуелен музичар ФН Мека, потпиша договор со издавачката куќа „Капитол рекордс“

Првиот виртуелен музичар ФН Мека, потпиша договор со издавачката куќа „Капитол рекордс“

пред 2 години

ФН Мека е виртуелен изведувач кој е производ на времето во кое се наоѓаме. Тој е првиот робот рапер кој не беше прифатен од светот. Иако е виртуелен изведувач, неговата амбиција ја препозна една од најсилните издавачки куќи „Капитол рекордс“, со која раперот потпишал одговор.

Од таму изјавија дека веруваат дека ФН Мека во моментов е виртуелна личност број 1 што се однесува до видео платформите, а тој е и првиот AR артист кој потпишал договор со издавачка куќа.

Раперот го имаше своето деби со синглот „Florida Water“, кој беше направен во соработка со Gun и професионалниот танчер на Фортнајт Кликс. Неговата песна ја продуцирал Турбо, кој исто така работи со Тревис Скот, Лил Бејби и Јанг Таг. Објавувањето на песната на виртуелниот рапер го коментираше и самата издавачка куќа, велејќи дека тоа само го покажува напредокот на „Капитол рекордс“ во 80-те години од нивното постоење. Се претпоставуваше дека „Капитол“ ќе прими изведувач од ваков тип во своите редови, бидејќи минатата година шефицата на куќата, Микела Јубелирер изјави дека гласот поврзан со Мека е човечки, а се останато е направено во програмите.

ФН Мека се појави на социјалните мрежи во 2019 година, а не му требаше многу време за да стане популарен. Неговиот прв голем скок на социјалните мрежи беше на Тик Ток кога го покажа својот автомобил Гучи. Иако оттогаш поминаа повеќе од две години, ФН Мека се уште е актуелен на социјалните мрежи, најмногу на Тик Ток, каде има дури 10 милиони следбеници. Пред да потпише договор со издавачка куќа, тој сам објави неколку свои песни. Првиот виртуелен уметник кој остави подлабока трага е Лил Микел, исто така рап уметник, кој има 3,6 милиони следбеници на Тик Ток и 3 милиони на Инстаграм. 

Share
Scroll to Top