Почина Тамара Бакиќ, една од најпознатите југословенски манекенки

Почина Тамара Бакиќ, една од најпознатите југословенски манекенки

пред 2 години

Тамара Бакиќ, една од најпознатите српски и југословенски манекенки Тамара Бакиќ почина вчера на 87-годишна возраст во Белград. Таа е родена во 1934 година во Сомбор, а израснала во големо семејство за што отсекогаш била благодарна.

Во едно од своите интервјуа, таа раскажа дека најубавите спомени од детството ги доживеала со баба ѝ Нања, која го собирала целото семејство за славата Свети Никола, како и за празниците Божиќ и Велигден. Додека најлошите моменти од животот ги доживеала во унгарскиот камп во Бачка Паланка. Откако го напуштиле кампот, целото семејство се преселило во Белград, каде го дочекале ослободувањето.

Share
Scroll to Top