Првиот јавен пречек во Скопје на плоштадот во 1990: огномет го осветли градот, а „Леб и сол“ посакa среќна Нова година

Првиот јавен пречек во Скопје на плоштадот во 1990: огномет го осветли градот, а „Леб и сол“ посакa среќна Нова година

пред 2 години

Првиот јавен дочек на Нова година бил во 1990 година, а го организирала редакцијата на некогашната ревија „Екран“.  Таа година „Екран“ го славел илјадитиот број, па идејата била  јубилејот да го сподели со читателите.

Според раскажувањата на Тимчо Апостолов, долгогодишен главен уредник на „Екран“, веднаш се соочиле со проблеми. Апостолов и неговите соработници отишле во тогашното градско Собрание со идеја за прослава на Новата година на плоштадот, како што тоа го правеле во Лондон, Париз, Берлин…

Но, тогашниот претседател на Собранието (се уште немало градоначаници ти се подоцна во 1996) им рекле дека идејата убава, ама дека народот има поинаков менталитет и дека повеќе сака да слави Нова година во домашна атмосфера, а не да се собира на плоштади.

Сепак, од Екран инсистирале да организираат, а градот им овозможел приклучок на струја, бина, контејнер за организаторите и за изведувачите и сето тоа преку Културно-просветната заедница на градот.

 

Речиси сите забавни и народни пејачи што значеле нешто во тој момент на естрадата биле гости на прославата на Новата 1990 година, освен оние малкумина што имале тезги во Австралија или во Америка.

Пејачите, во Скопје настапувале на пречеците во неколкуте хотели или поголеми ресторани. Потоа организаторите ги земале со автомобили, ги носеле на плоштадот да пејат и пак се враќале назад. Никој не побарал хонорар за настапот на плоштад.  За жал, тогашната Радио-телевизија Скопје не сакала да врши пренос на пречекот, раскажал Апостолов.

Како увертира, по плоштадот продефилирале џокеите на коњи од коњичкиот клуб „Илинден“, а членовите на Извидничкиот сојуз на Македонија направиле логорски оган на кој се печеле костени. На полноќ се случил и најавуваниот огномет.

Огнометот го осветлил Скопје, а членовите на „Леб и сол“ на гостите им посакале „Среќна Нова година“ со „Чукни во дрво“, а потоа продолжиле во ритамот на „Скопје“.

 

 

 

Share
Scroll to Top