(Видео) Непроценлива, 2000 години стара римска биста, која била изгубила по Втората светска војна, завршила во продавница за евтина роба во Тексас

(Видео) Непроценлива, 2000 години стара римска биста, која била изгубила по Втората светска војна, завршила во продавница за евтина роба во Тексас

пред 2 години

Непроценлива, 2000 години стара римска биста, која била изгубила од Германија по Втората светска војна, на крајот завршила во продавница за евтина роба во Тексас. Ја пронашла Лора Јанг, трговец-уметник од Остин која ја купила за само 35 долари.

Таа ја купила скулптурата уште во 2018 година, а вели дека до неа дошла следејќи го инстиктот.

„Ми делуваше дека е римска и стара. На сонце изгледаше како нешто што би можело да биде нешто посебно“, рече Јанг за медиумите.

Ги контактирала историчарите по уметност од Универзитетот во Тексас, како и претставниците од аукциските куќи и колекционери, со цел да утврди дали станува збор за автентичен примерок.

Се испоставило дека станува збор за римска биста од периодот од крајот на Првиот век пред новата ера и почетокот на првиот век од новата ера.

Бистата била наречена „Портрет на маж“ и е изложена во музејот Сан Антонио, а таму ќе остане и во наредните година дена. Потоа ќе биде вратена во Германија од каде и исчезнала на крајот на Втората светска војна.

Бистата некогаш била лоцирана во градот Ашафенбург во реплика во природна големина на куќа од Помпеја, изградена од Лудвиг I од Баварија, а исчезнала по сојузничкото бомбардирање на градот. Многу е веројатно дека некој американски војник го понел со себе како сувенир.

Share
Scroll to Top