Британскиот електропанк-состав „Продиџи“ го одржаа својот прв концерт по смртта на Кит Флинт, кој трагично си го одзеде животот на 4 март 2019 година на 49-годишна возраст.
Останатите членови од бендот Лијам Хаулет и Максим викендов се вратија на сцената на „О2 академи“ во Шефилд, Англија.
Холограм на Кит беше користен при изведбата на „Firestarter“, со која му беше оддадена почит на починатиот панкер, кој беше пејач и предводник на составот од 1996 година.
Турнејата по повод 25-годишнината на бендот продолжува во Ливерпул на 14 јули и завршува со три ноќи во лондонската „О2 академи Брикстон“, 21 – 23 јули.
Во меѓувреме, Лијам и Максим работат на албум во чест на Кит. Осмиот албум ќе биде продолжение на „No Tourists“ од 2018 година – последниот студиски албум со вокалот и текстови на Кит Флинт, пред неговата смрт.