Пред илјадници години луѓето од најстарите светски цивилизации користеле паста за заби и перики, а некои не слушнале за војна

Пред илјадници години луѓето од најстарите светски цивилизации користеле паста за заби и перики, а некои не слушнале за војна

пред 2 години

Пред илјадници години луѓето од најстарите светски цивилизации користеле паста за заби и перики, а некои не слушнале за војна, велат научниците. Тие долго време верувале дека Месопотамија е првата и најстара цивилизација. Денес регион ги опфаќа Ирак, Кувајт, Турција и Сирија. Илјадници години луѓето живееле во мали населби кои на крајот се трансформирале во земјоделски заедници.

Овие заедници се прошириле во она што ние денес го сметаме за градови, а Урук бил првиот кој бил создаден пред 3500 години пред новата ера. Бил дом за околу 50.000 луѓе. Кога се зборува за древните цивилизации, повеќето луѓе мислат на Грците и Римјаните, што е сосема разбирливо.

Двете цивилизации на некој начин го обликуваат модерното општество, било да станува збор за нивното долготрајно друштвено, културно или политичко влијание.

Но, постојат десетици цивилизации кои постоеле многу пред Грците и Римјаните да остават свој печат на човековата историја. Нивниот животен стил на ловци-собирачи може да се следи наназад до 7000 години пред новата ера, но првите постојани села се изградени околу 2600 година пред новата ера.

Отприлика во тоа време се случил најраниот развој на земјоделието. Најголемата бројка на луѓе во тој период се верува дека изнесува 19 милиони. Се граделе екстравагантни градби, храмови и пирамиди, некои повеличествени и од оние во Египет.

Нивните религии не се во целост сватени, но народот на Маите верувал во небото и подземниот свет познат како Хibalba. Често придонесувале човечки жртви за боговите, но бидејќи се верувало дека нивните духови едноставно ќе преминат на следниот свет, немало ништо злонамерно во ритуалот.

Старите Египјани

Древната египетска цивилизација е воспоставена кога кралот Менес кој бил прв фараон, ги споил Горниот и Долен Египет во 3150 година пред новата ера. Неговото население се собрало околу брегот на реката Нил. Тие биле одговорни за некои од најголемите градби некогаш изградени.

Станува збор за Големата пирамида во Гиза, едно од седумте чуда на стариот свет. Старите Египјани можат да се дефинираат како една од првите цивилизации. Оствариле огромен напредок во математиката и биле пионири во медицинската наука.

Биле првите кои почнале со градба на патишта кои ги користеле за трговија и изработувале орудие од бронза. Исто така се заслужни за развојот на првата фонетска абецеда, која била широко користена благодарение на изумот на папирусот, што засекогаш довело до развој на првиот поштенски систем.

Биле и првите кои користеле паса за заби и носеле перики. Поради бројните војни и инвазии, нивната древна култура со време полека исчезнала.

Цивилизација во долината на Инд

Простирајќи се од денешен Авганистан и Пакистан, до северозападна Индија, цивилизацијата на долината на Инд, покривала 1,25 милиони километри, што ја прави најраширената древна цивилизација. До 2500 година пред Христос, цивилизацијата на долината на Инд напредувала, а нејзините луѓе живееле во десетици високо развиени и простарни урбани средини. Постојат дури и докази дека куќите имале посебни купатила кои воделе до софистициран подземен канализациски систем.

Мештаните имале писмо и се занимавале со математика. Но, она што изненадува е што археолозите не пронашле никакви траги од војување или масовно насилство. Се проценува дека живееле без оклоп и оружје повеќе од 700 години.

Наместо тоа биле мирољубиви луѓе кои пријателски тргувале со соседните цивилизации. Можеби токму незаинтересираноста за војна довело да паднат во рацете на средноазиските освојувачи. Други историчари тврдат дека нивниот крај е последица на големи поплави.

Месопотамија

Долго време научниците верувале дека Месопотамија е првата цивилизација. Денес овој регион го опфаќа Ирак, Кувајт, Турција и Сирија. Илјадници години луѓето живееле во мали населби кои на крајот се трансформирале во земјоделски заедници.

Овие заедници се прошириле во она што ние денес го сметаме за градови, а Урук бил првиот кој бил создаден пред 3500 години пред новата ера. Бил дом за околу 50.000 луѓе.

Освен по земјоделството, Мезопотамија била позната по својата профитабилна трговија и основање на разни индустрии, како што е ѕидарството, обработката на метал и кожа. Историчарите сметаат дека тогаш било смислено и тркалото. Сепак регионите биле завземени од Персијците, а до времето кога Александар Македонски го освоил Персиското Царство, повеќето градови во Мезопотамија и нивната култура речиси исчезнале.

Првите жители на Австралија

Домородните народи на Австралија биле жители на континентална Австралија и нејзините острови пред да дојдат европските колонизатори. Општо се верувало дека изворно дошле од југоисточна Азија во времето кога нивото на морето било ниско, а копнените мостови повисоки. Истражувањата покажале дека тие се најстарите цивилизации на Земјата. Најраните човечки остатоци можат да се следат отприлика пред 50.000 години назад, но неубедливите податоци сугерираат дека можеби постоеле пред 80.000 години.

Австралиските автохтони народи биле ловци-собирачи и иако биле номади, имале силни врски со одредени подрачја на земјата, која можеби ја сметале за дом. Откако Европјаните стигнале, го окупирале целиот континент и говореле повеќе од 200 различни јазици. Поради колонизацијата, речиси во целост се избришани од лицето на Земјата.

 

Share
Scroll to Top