Италијанскиот виролог Ѓоршо Палу вели дека иако коронавирусот е опасен и смртоносен, сепак смртноста е ниска и не е на ниво на чумата која постоела пред повеќе од еден век. Тој смета дека карантин не смее да се воведе пак, ни во Италија, ни во некоја друга земја и рече дека треба да запре светската паника, иако за болеста за сега нема лек.
„Мораме да ја запреме оваа хистерија. Луѓе, короната не е чума. Новиот карантин на територија на целата Италија би било самоубиство за земјоделството, казна за студентите и учениците и би значело дискриминација за оние кои боледуваат од другите болести, пред сè од карцином, затоа што за нив нема места во болниците“, рекол Палу во интервју за „Коријере дела Сера“.
Палу е универзитетски професор и некогашен претседател на европската асоцијација на виролози. Тој рекол дека веродостоен индикатор на заразата со Ковид-19 е состојбата во одделенијата за интензивна нега, затоа што само тој податок дава вистинска слика за заразата.
Неговото гледиште на епидемиолошката ситуација во Италија, но и во светот е сосема спротивна на она што апелираат научниците и јавните работници, а спротина е и на Министерството за здравство и Високите институции за здравје во Италија кои повторно бараат целосен карантин на земјата.