Принцот Вилијам никогаш не му прости на Хари поради Меган

Принцот Вилијам никогаш не му прости на Хари поради Меган

пред 6 месеци

Принцот Вилијам никогаш не му прости на Хари поради Меган Маркл, пишуваат британските медиуми. Експертот за кралското семејство Роберт Лејси, во својата нова книга напишал дека кавгата меѓу принцот Вилијам и неговиот помлад брат никогаш не престанала.

Тој во книгата Battle of Brothers: William and Harry – The Inside Story of a Family in Tumult, напишал дека Вилијам му е лут на Хари и дека тој одбил да се појави на кралскиот ручек кој го планирала кралицата Елизабета, затоа што не сакал да биде на иста маса со Хари.

Според Роберт, кралицата Елизабета пред Хари и Меган Маркл да си заминат од кралското семејство, ги повикала сите на семеен ручек. Постариот принц Вилијам одбил да биде дел од него поради Хари.

Вилијам одговорил дека ќе биде дел од службениот состанок, но нема да се појави на семејното дружење. Роберт вели дека Вилијам инсистирал да разговара само за работата.

„Колку е сериозна работата и колку Вилијам му е лут на Хари, говори и фактот што тој ја одбил кралицата“, објаснува Роберт.

Браќата подолго време не се во најдобри односи. Иако многумина помислија дека се смирија по преселбата на Хари и Меган во САД, сепак Роберт пишува дека односите останале исти.

Деновиве во британските медиуми се пишуваше дека Вилијам планира со неговата сопруга Кејт Мидлтон да отпатуваат во Лос Анџелес. Наводно Вилијам имал намера да му се спротистави на помладиот брат и неговата сопруга Меган Маркл.

„Меган и Хари му згазнаа на жуљ и Вилијам повеќе не може да издржи“, изјавил извор близок до кралското семејство.

Според него, кралската двојка никако не може да се помири со фактот дека Хари поради сопругата и синот го предал целото семејство.

 

 

Share

4Anime persona 4 the animation: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full

AnimeTV anime tv list: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://animetv.cc/m/3xxD) Episode 39

Scroll to Top