Принцот Хари се вработи во стартап компанија

Принцот Хари се вработи во стартап компанија

пред 4 години

Принцот Хари се вработи во стартап компанија во Силиконската долина. Ова е негова прва работа за која тој ќе биде платен и конечно ќе почне да заработува, пишуваат американските медиуми. Хари ќе биде дел од компанијата BetterUp Inc, компанија што разви апликација којашто нуди професионални обуки, советување и менторство.

„Мојата желба е да им помагам на луѓето и позитивно да влијаам на нивните животи“, рекол Хари за американските медиуми, запрашан за неговата нова работа и додал: „Проактивното учење нуди бесконечни можности за личен развој, ја зголемува свесноста за околината и севкупно, нуди подобар живот“, рекол принцот.

Неговата улога во компанијата е да помогне во процесот на носење одлуки за стратегиите визани со апликацијата, но и во однос на донациите што ќе ги прави компанијата, хуманитарните гестови и слично.

За потсетување, принцот Хари пред околу една година се пресели во Америка со семејството. Тој, Меган и неговиот син Арчи живеат во Калифорнија. Откако си заминаа и најавија дека нема да ги исполнуваат кралските должности, семејството, наводно, го прекина нивното финансирање, а Хари и Меган сега живеат од наследството што Хари го добил од неговата мајка и од парите што Меган ги заработила во времето кога беше актерка.

Share
Scroll to Top