Принцот Чарлс вети помош за жртвите од земјотресот во Хрватска

Принцот Чарлс вети помош за жртвите од земјотресот во Хрватска

пред 9 месеци

Принцот Чарлс изрази длабоко жалење за жртвите во земјотресот во Хрватска и вети парична помош за сите погодни во катастрофата.

Идниот крал на Анлгија, 72. годишниот принц Чарлс испрати писмо до претседателот Зоран Милановиќ, во кое го изрази своето најдлабоко сочувство до семејствата на сите настрадани.

„Мислите и чувства на мојата сопруга и мене се со семејствата на оние кои ги изгубија најмилите, на оние кои се повредени и кои ги изгубија своите домови“, пишува во писмото на Чарлс.

„Тешко е да се замисли колку тешко може да се поднесе ваквиот удар, за време на пандемијата за која знам дека продолжува силно да ја погодува Хрватска и само девет месеци по разорниот потрес во Загреб“, напишал принцот од Велс.

Тој во свое име и во име на својата сопруга војвотката од Корнвел, Камила Паркер, им испрати најтопла поддршка на луѓето во Хрватска.

Принцот Чарлс досега ја има посето Хрватска неколку пати. Последен пат беше во 2016 година во рамки на регионалната турнеја на Балканот. Ги посети и Косово, Црна Гора и Србија.

Тој во писмото вети дека ќе донира извесна сума на пари на Црвениот Крст, кој собира пари и помош за загрозените во земјотресот. Слична парична помош, Чарлс донираше и претходно кога Загреб беше погоден од силен земјотрес.

Share

Website https://animebee.to: Watch Kaze no Matasaburou animebee Episode Full anime online

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

Website https://animeflix.nl: Watch Free! -Take Your Marks- animeflix Episode 4 banana fish animeflix

Website https://animeflv.uk: Watch Magia Record: Puella Magi Madoka Magica Side Story (Dub) animeflv Episode 13 free anime

Slideserve: https://www.slideserve.com/animeflixnl

Degreed: https://degreed.com/gogoanimelol#/collection

Scroll to Top