Наставничката по српски јазик од Нови Сад, Ена Недиќ, во знак на протест си ја запали дипломата пред домот на Народното собрание. Рече дека нејзината диплома е бесмислена бидејќи младите и образовани луѓе немале перспектива во Србија.
„Работам како касиерка и шанкерка. Лекторирам ноќе. Пишувам и објавувам мои книги. Никогаш не бегав од напорна работа, туку од лоши и суетни луѓе. Горда сум на боите на мојата работна униформа, професионалност, искреност, трудољубивост, хуманост и скромност, на моите колеги и целиот тим. Горда сум на високите стандарди на работа и деловната етика на работодавачот, на кои поединци од образовните институции можат само да им завидат“, рече Ена.
Таа не е единствената која си ја запали дипломата. Стела Накила, исто така наставничка, сними видео на Тик ток во кое исто ја запали својата диплома од Факултетот за наставници во Белград.
Работата да биде уште полоша, како што се гледа на нејзината диплома, таа била одлична студентка и дипломирала со просек над девет. Под видеото добила голем број коментари.
„Во Србија тоа е единственото нешто што можеш да го направиш со дипломата. Браво. Ти си мојот херој. Тоа што си ја запали дипломата не значи дека си ја изгубила титулата. Србија моја, никогаш ќе немаш доволно за леб додека работите се движат во овој правец“, биле некои од нив.
@stellanakkila Burning diploma #serbia🇷🇸 #mecfsawareness #diploma #mastersdegree #burning #greenhair #lesbiansoftiktok #lesbian ♬ Another Brick in the Wall, Pt. 2 – Pink Floyd