Пчелар од Турција ќе си го покрие телото со 65 килограми пчели за да влезе во Гинисовата книга на рекорди 

Пчелар од Турција ќе си го покрие телото со 65 килограми пчели за да влезе во Гинисовата книга на рекорди 

пред 1 година

Пчеларот Абдулвахап Семо од Турција, од источната турска провинција Ван се обидел да постави нов Гинисов рекорд покривајќи го своето тело со повеќе од 60 килограми пчели, објави турската новинаска агенција Анадолија.

Актуелниот рекордер Руан Лиангминг од Кина се покри со дебел слој од околу 637.000 пчели со тежина од околу 63,7 килограми.

Семо изјавил дека претходно неколку пати се обидел да го собори рекордот, но овој пат му било тешко бидејќи пчелите биле агресивни.

„Мојата цел е да достигнам 65 килограми, колку што е и бројот на регистерски таблички за комбе, и да го соборам светскиот рекорд. Ова не е нешто што го можам сам, туку ми треба помош од семејството и пријателите“, изјавил Семо.

Share
Scroll to Top