Работник во „Мекдоналдс“ станал милионер, го предвидел исходот на сите коњски трки

Работник во „Мекдоналдс“ станал милионер, го предвидел исходот на сите коњски трки

пред 4 години

Американецот Бил Бентер веројатно е единствениот милијардер во светот кој своето богатство го направил со обложување.

Бентер успеал да го победи системот на обложување, откако претходно направил алгоритам со кој можел да го предвиди исходот на трките. Бентер станал најпознатиот обложувач во историјата.

Своето математичко знаење го искористил за да се збогати со обложување. Бентер во своите 20-ти и 30-ти години работел на компјутерски систем кој му помогнал да го предвиди исходот на трките.

Направил систем земајќи ги предвид јавно достапните обложувања, кои ги објавувал клубот „Џокеј клуб“, каде се одржувале трките на кои тој се обложувал.

Како што им признал потоа на новинарите, само во една година успеал да заработи околу 3 милиони долари. Имал партнер кој му помогнал да направи код.

Со помош на тој код, двајцата успеале да го освојат најголемиот џекпот. Тие успеале да погодат „Трипл трио“. За оние кои не се запознаени со обложувањето, „Трипл трио“ е начин на обложување во кое играчот мора да ги погоди првите три коњи.

Покрај тоа што обложувачот морал да ги погоди коњите, тој морал да ги погоди во кој било редослед, во три различни трки. А, ако никој не победи, парите се префрлале на следната трка.

Во конкретниот случај, станува збор за повеќе од 10 милиони можни комбинации, а Бентер и неговиот партнер успеале да го направат невозможното. Тоа е прилично добро за некој кој пред влегување во оваа работа, пишувал пријави за работно место хигиеничар во „Мекдоналдс“.

Бентер за трките со коњи почнал да се интересира кога прочитал научен труд во кој било објаснето на кој начин може да се победат обложувалниците. Одлучил максимално да се посвети на оваа работа. Направил систем со кој ги победил обложувалниците и постојано го усовршувал.

Неговиот успех бил вртоглав. За шест години успеал да заработи 50 милиони долари. Се разбира, морал да биде многу внимателен. Знаел дека ако вложи огромна сума на пари на еден коњ, тоа би можело лажно да го намали коефициентот.

На тој начин и другите немале да се обложат на тој коњ. Поради тоа имал цел тим кој уплатувале помали суми на коњот, за да го тргнат вниманието од него. Се разбира, тоа го правел професионани и никогаш не ги прославувал своите огромни добивки.

На почетокот на ноември 2001 година, Бентер ја победил обложувалницата. Паднал прочуениот „Трипл трио“. Неговата добивка била поголема од 16.000.000 долари.

Но, Бентер не сакал да ги подигне тие пари, затоа што тоа не било фер и спортски. Сакал само да им докаже дека неговиот модел совршено работи. Напишал писмо до обложувалницата во кое навел дека има победнички билет, но не сакал да го уплати.

Набрзо потоа се повлекол. Основал своја добротворна фондација. Тој сега е филантроп, а повремено работи и како гостин предавач.

Share
Scroll to Top