Македонската ракометна репрезентација го победи Кувајт 22-21 по пресврт во вториот пријателски натпревар. Натпреварот е дел од контролните средби пред Европското првенство во јануари.
Македонија по првото полувреме губеше 11-12, но со пресврт победи на крајот. Голманот Томовски ги спречи гостите да дојдат до реми. Тој имаше осум одбрани и даде еден гол, а шест одбрани имаше Митревски.
За разлика од првиот натпревар, на кој Македонија исто така победи, овој пат Кувајт играше многу подобро. Првиот гол македонските ракометари го постигнаа во седмата минута. Гостите играа сигурно до крајот кога македонските ракометари дадоа три гола во низа, без да примат гол, и победија.
Најдобар стрелец беше Ѓоргиев со шест гола, а два помалку имаа Маџовски и Костески. Талески, Георгиевски и Стоилов постигнаа по два гола.
По празниците, македонската репрезентација од Маврово се враќа во Скопје за да ја одработи втората фаза од подготовките за Европското првенство. Тие ќе играат уште два пријателски натпревара против Израел на 3 и 4 јануари.