Расел Кроу ќе се пензионира и нема да глуми во продолжението на Гладијатор

Расел Кроу ќе се пензионира и нема да глуми во продолжението на Гладијатор

пред 1 година

Актерот Расел Кроу рече дека по 40 години кариера размислува за пензија и да се повлече од Холивуд. На новинарите им рече дека се чувствува стар и дека време му е да се пензионира, пренесе „Дејли Мејл“.

„Сега сум во тој период кога стојам пред огледало и се прашувам во кого гледам. За пример ќе го земам Ридли Скот, кој се уште открива нови работи во својата работа. Или едноставно ќе исчезнам и никогаш повеќе нема да слушнете за мене“, им рече Кроу на новинарите на фестивал во Чешка.

На прашањето за тоа дали ќе глуми во продолжението на „Гладијатор“, кој треба да излезе во 2024 година, Кроу рече дека не сака повеќе да му поставуваат прашања за тој филм.

„Не знам кој ја доби улогата или каков ќе биде заплетот на филмот бидејќи мојот лик е мртов уште на крајот на првиот филм. Ридли Скот сигурно имал многу силна причина за после толку време почне да работи на продолжението“, рече Кроу.

За потсетување, глумецот во моментов работи на неколку проекти и е ангажиран во филмовите „Ротко“, „Американски син“ и „Вкус за крв“.

Share
Scroll to Top